Фото: Pluto / Alamy / Alamy / Profimedia

Летни дождови од метеори: Кога ќе ги има најмногу и како најдобро да ги видите?

Метеорските дождови се омилени астрономски феномени на повеќето луѓе, особено ако сето тоа се случува во лето.

Метеорот е светлосна трага која се создава кога метеороид удира во атмосферата на нашата планета, додека метеороидите се мали цврсти честички, т.е. делови од комети. Она што колоквијално го знаеме како ѕвезди кои паѓаат, се всушност мали метеори кои се распаѓаат во најгорните слоеви на атмосферата, во процес наречен јонизација.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Meteor Showers

Метеорите се судираат со молекулите на воздухот во атмосферата, создавајќи големо триење што предизвикува молекулите да се загреваат и испаруваат. Овие атоми се судираат со други воздушни атоми на нивниот пат, ослободувајќи електрони што резултира со голема количина на енергија што се појавува како светлосна трага на небото, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Метеорите можат да се видат на небото во текот на целата година, но има одредени датуми кога се појавуваат повеќе од нив. Ако сите тие доаѓаат од истиот регион на небото, тоа се случува затоа што при нејзиното движење, Земјата поминува низ точката во нејзината орбита каде што се наоѓаат остатоците што ги оставила кометата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Meteor Showers

Распаѓањето на овие метеори станува видливо на надморска височина од околу 100 km, иако ова растојание варира во зависност од нивната брзина на влегување во атмосферата. Честичките кои испаруваат со најголема брзина се оние кои го прават тоа на најголема височина. Овие метеори се видливи само за неколку делови од секундата, но има и други кои може да се набљудуваат неколку секунди.

Кога и како може да се видат претстојните метеорски дождови?
Метеорскиот дожд е феномен кој се случува секоја година, приближно во исто време. Затоа, можно е да се предвиди кога ќе се појават и на кој ден на небото може да се забележат повеќе метеорски дождови. Во текот на летото тоа се Делта Акваридите и Персеидите. За првите, пикот на активност ќе биде ноќта меѓу 30 и 31 јули, а за вторите ноќта меѓу 12 и 13 август.

Метеорскиот дожд Делта Акварид трае повеќе од еден месец, од 12 јули до 23 август. Според Националната астрономска опсерваторија, тие потекнуваат од остатоците од кометата 96P Маххолц и имаат сјај во соѕвездието Водолија. Што значи дека најдобро се гледаат од јужната хемисфера, додека од северната хемисфера најдобрите глетки се од полноќ до зори.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Meteor Showers

Во текот на 2023 година, кога ќе бидат на својот врв, се проценува дека нивната видливост ќе биде нешто послаба од претходните години, бидејќи Месечината во тоа време ќе биде речиси полна.

Персеидите се третиот најинтензивен дожд од метеори, со фреквенција од околу 100 метеори на час. Тоа што го прави најпопуларене фактот што се случува во лето, а покрај тоа, Персеидите доаѓаат од остатоците од кометата 109P/Swift-Tuttle, која има орбитален период од 133 години. Овие метеори имаат свој сјај во соѕвездието Персеј.

Најдобро време за набљудување на двата дожда ќе биде кога Месечината ќе исчезне од небото, околу зори. Се препорачува да се сместите на чистинка во природа, и да легнете на грб за да ја зголемите видливоста и да можете да го видите целото небо.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Meteor Showers

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот