„Лешинарите“ не пропуштија да заработат на Коби и Џиана: 800 долари за маичка од комеморацијата

Комеморацијата во „Стејплс“ центарот на која се оддаваше почит на трагично загинатите Коби Брајант, неговата ќерка Џиана уште седум лица, многумина ја искористија за да заработат од продажба на сувенирите кои се добиваа заедно со влезницата.

Настанот на кој се славеше животот и се оплакуваше смртта на легендарниот кошаркар и неговата ќерка беше органзиран на 24.2. бидејќи првата бројка го означуваше бројот на Коби, додека втората беше бројката на Џиана која исто така играше кошарка.

Со купувањето на влезници за комеморацијата, гледачите на влезот во салата добиваа и брошура со фотографии, посебна влезница и маичка со ликовите на Коби и Џиана.

Гледачите можеа да купат и само маица, а собраните приходи беа уплатени во Фондацијата „Мамба и Мамбасита“, која е наречена по прекарите на загинатите.


Сепак, многумина не беа расположени да даваат, туку само да земаат. Набргу откако започна комеморацијата, оние што добија маички со Коби и неговата ќерка веднаш почнаа да ги продаваат преку Интернет, а почетната цена изнесувала 800 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот