Лепа Лукиќ сакала да се самоубие: Се заканував на мојата мајка

Лепа Лукиќ
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Музичката икона од локалната сцена Лепа Лукиќ во текот на животот сакала и била сакана, но во тинејџерските години сакала толку силно што била подготвена да се самоубие за забранета љубов.

Во неодамнешна ТВ изјава Лепа Лукиќ ќе раскаже за младоста и љубовта која ја понела да се заканува на својата мајка со самоубиство, драматични искази типични, но застрашувачки за тинејџерски години.

„Бев смртно заљубена во еден дечко кога имав 16 години и сакав да се убијам заради него, да се обесам во штала. Ја заплашував мајка ми дека, ако не ми даде да се гледам со него ќе скокнам во Морава, а всушност лажев“, раскажа Лепа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Lukić (@lepa_lukic_official)

По неколку години откако станала позната повторно го сретнала дечкото, па приказната ја надополни со раскажување како изгледала средбата и чувството повторно да се види старата љубов.

„Тој живее во Сремска Митровица, а јас бев на концерт таму. Кога излегов и го видов во првиот ред, кога не се скаменив… Тој дошол да ме види и поздрави, а мене ми се пресекоа нозете, не беа повеќе мои, ама помина и тоа… Тоа беше во младоста, а јас веќе имав 30 години кога го сретнав. Помина, ама никогаш повеќе не би се состанала со него“, изјави Лепа во емисијата „Zvezde Granda Specijal“.

Лепа Лукиќ зад себе има четири брака, па за себе ќе каже дека била многу сакана жена, многу сакала и била уште повеќе сакана. Ќе надополни дека мажите тешко си заминувале од неа, но не била силна и единствена во домот, била само обична жена, но на сцена била Лепа Лукиќ.

„Кралица беше и остана! Единствена е “, ќе напишат од „Zvezde Granda Specijal“ на нивниот официјален инстраграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот