Фото: fkvelez.ba

Леонид Игнатов е нов крилен напаѓач на Вележ Мостар

Вележ Мостар денеска ја извести јавноста дека Леонид Игнатов (24) официјално е нов играч на босанскиот фудбалски клуб.

Во прес-салата на стадионот „Роѓени“, во присуство на директорот Фарук Караџа, беше потпишан договор кој ќе го обврзе македонскиот крилен напаѓач до крајот на 2027 година.

Започна во младинските екипи на Вардар, по што стана член на првиот тим на скопските „црвено-црни“ во 2019 година. Една година подоцна, тој го облече дресот на Хајдук Сплит, каде што остана една година, по што се врати во Македонија, настапувајќи за ФК Скопје.

Во досегашната кариера тој играше и за Силекс и Арсими, од каде што доаѓа во редовите на Вележ Мостар.

Вреди да се напомене дека Леонид играе за сите младински селекции на Македонија на Македонската репрезентација. Интересен е фактот е што тој доби покана за игра во младата репрезентација на Македонија од Драги Канатларовски, тренерски стручњак кој кратко седеше на клупата на Вележ Мостар во сезоната 2015/2016, на само осум натпревари.

Во есенскиот дел оваа сезона во Првата македонска лига за Арсими запиша 12 настапи и два гола.

Вележ Мостар моментно во најсилниот босански шампионат по 20 одиграни кола е на четвртото место со 29 бодови, далеку зад водечката екипа на Борац Бања Лука (44).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот