Леонардо Дикаприо - Фото: Profimedia

Леонардо Дикаприо успеа да остане целосно незабележан за време на престојот во Кан

Иако важи за еден од најпрепознатливите актери на планетата, Леонардо Дикаприо успеа речиси целосно да остане незабележан за време на престојот на овогодишниот филмски фестивал во Кан. Ѕвездата на филмот „One Battle After Another“ (51), кој е редовен гостин на францускиот фестивал, често престојува на луксузни суперјахти закотвени во заливот во Кан за да го задржи својот мир, или во елитни апартмани на ексклузивни локации како што е хотелот „Eden-Roc“, пишува „Мирор“.

Дикаприо одамна е познат како вистински „мајстор за камуфлажа“ кога ќе се појави во шик крајбрежниот град во Јужна Франција, но се чини дека оваа година се надмина себе, речиси никој не го видел иако двонеделниот фестивал се приближува кон својот крај.

Сепак, актерот неодамна поминал едно мирно попладне во познатото собиралиште на славните, култниот хотел „Martinez“, кој воедно е и една од главните локации за снимање на новата сезона на хит-серијата на HBO, „The White Lotus“.

леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо /Фото: Profimedia

Еден од вработените бармени во вторникот сподели дел од своето искуство, додавајќи дека во ексклузивниот хотел во моментов престојува и ѕвездата од „Брзи и бесни“, Мишел Родригез:

„Лео се труди да биде максимално незабележлив кога е тука. Тој е голема ѕвезда и сосема разбирливо е што ја чува својата приватност. Едноставно не сака да биде опколен од толпа луѓе кога ќе излезе на пијачка. Но, пред неколку дена му подготвив неколку коктели тука во барот. Седеше во еден агол во друштво на неколку убави жени. Беа задлабочени во разговор додека уживаа во пијачките и очигледно беше дека одлично се забавува. Тој сака приватност и не сака да го вознемируваат, но воопшто не е тиво. Го имам видено неколку пати досега. Има силен карактер и убаво се насмеавме кога ги донесов пијачките на нивната маса. Лео е супер дечко“.

Познат по тоа што прави сè што е во негова моќ за да остане надвор од радарот на папараците, најчесто носејќи комбинација од качкет, дуксер со качулка и очила за сонце, Дикаприо, кој е во врска со италијанскиот супермодел Виторија Черети од 2023 година, многу внимателно ги избира своите јавни појавувања.

Леонардо Дикаприо / Фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Инсајдери пренесуваат дека се шпекулира дека тој ќе биде еден од главните гости на големиот настан во среда навечер, организиран од магазинот „Time“, насловен како „Bee Wise: Bring the Bees Back“.

Оваа гласина совршено се совпаѓа со неговата долгогодишна пасија за спас на планетата. Актерот роден во Лос Анџелес – кој досега бил номиниран за Оскар дури седум пати, а златната статуетка ја освои во 2016 година за улогата во „The Revenant“, тојсо децении е еден од најгласните еколошки активисти во Холивуд, кој донирал над 100 милиони долари во грантови за борба против климатските промени и заштита на биодиверзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот