Лекар ги откри лековите кои често ги земаме, а предизвикуваат опаѓање на косата

Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Антидепресивите, разредувачите на крв и кремите за акни, кои ги земаат десетици милиони луѓе, може да предизвикаат алопеција. Иако губењето на косата е природен процес на стареење, особено кај мажите, анестезиологот Заин Хасан открива дека пет вообичаени лекови може да го забрзаат процесот.

Д-р Хасан ги предупреди своите 636.000 следбеници на социјалните мрежи преку видео на ТикТок: „Ако сакате да ја задржите вашата коса, треба да знаете за овие пет лекови. Дури и ако не ги земате, веројатно познавате некој што го прави тоа“.

Антидепресиви

Истражувањата покажаа дека некои антидепресиви можат да предизвикаат опаѓање на косата кај мажите и жените. Студија од 2018 година покажа дека корисниците на „бупропион“ имаат најголем ризик од губење на косата меѓу девет вообичаени антидепресиви. Околу еден од илјада пациенти го пријавиле овој несакан ефект.

Лекови за акни

Лековите како што е „изотретиноин“, кој се користи за лекување на акни, исто така може да предизвикаат губење на косата, особено ако се земаат во високи дози. Студија од 2022 година покажа дека шест проценти од пациентите кои земаат лекови за акни доживеале губење на косата. Несаканите ефекти како чувствителност на кожата и лупење се исто така чести.

Разредувачи на крв

Лековите кои се користат за намалување на ризикот од згрутчување на крвта, како што е „хепаринот“, се поврзани со опаѓање на косата кое обично започнува два до четири месеци по започнувањето на третманот. Губењето на косата е реверзибилно по прекинот на лекот.

Бета блокатори

Лековите за контрола на крвниот притисок, како што е „метопрололот“, ретко може да предизвикаат опаѓање на косата. Можни се и несакани ефекти како замор, вртоглавица и депресија.

Лекови за рак

„Тамоксифен“, лек кој се користи за лекување на рак на дојка, може да предизвика губење на косата кај третина од пациентите. Губењето на косата обично станува забележливо шест месеци до две години по започнувањето на терапијата.

Д-р Хасан напоменува дека пациентите не треба да престанат да земаат лекови без консултација со лекар. Лековите како „оземпик“ исто така се поврзуваат со губење на косата, но потребни се повеќе истражувања за да се потврди врската.

@doctarz Five medications that cause hairloss. #doctor #hairstyle #nurse ♬ original sound – Dr Zain Hasan

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот