Лејди Гага и Бред Пит во воз за Токио во новиот акционен трилер „Bullet Train“

Фото: Профимедиа

Пејачката за филмот „Ѕвездата е родена“, доби Оскар за најдобра оригинална песна, како и номинација за најдобра актерка…

Оскаровката и пејачка Лејди Гага му се придружи на Бред Пит во акциониот трилер „Bullet Train“ на Дејвид Лич, режсерот на филмовите „Deаdpооl 2“, „Атмоска плавуша“, „Џон Вик“ и др…

Покрај нив во филмот ќе се појави и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Зази Битс, Брајан Тајри Хенри, Ендру Коџи, Маси Ока и Мајкл Шенон.

Приказната ја следи групата платени убијци со спротивставени мотиви во возот за Токио. Непознато е дали Гага ќе игра еден од убијците, но изворот напоменува дека нејзината улога нема да биде главна.

Лејди Гага за филмот „Ѕвездата е родена“ доби Окар за најдобра оригинална песна, како и номинација за најдобра актерка.

Филмот во кој исто така игра „Гучи“ на Ридли Скот, ќе го почекаме уште извесно време. Колеги во ова остварување и се Роберт Де Ниро, Ал Пачино, Џеред Лето и Адам Драјвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот