Легендата на Барса во солзи поради расизмот во Бугарија (ВИДЕО)

twitter.com/shumansko

Своевремено ги бранеше боите на бугарската фудбалска репрезенатација, Христо Стоичков се расплака додека зборуваше за темата расизам во бугарскиот фудбал по скандалот на евро квалификацискиот меч против Англија (0:6) во Софија.

Инцидент предизвикан од бугарските навивачи кои испраќаа расистички навреди кон англиските репрезентативци поради кој полицијата и уапси пет лица.

Беше гостин во една шпанска телевизија каде што одговара како да се реши проблемот со расизмот.

„Да се затвори стадионот. Или потешко – како во Англија пред една година. Пет години без учество на натпреварувања, д се избркаат таквите луѓе, да се воведат поригорозни мерки. Треба да научат еднаш засекогаш, не заслужуваат да има фудбал, што мислите како јас се чувствувам – рече Стоилков кој емотивно ја доживува целата ситуација.

Стоилков е инаку еден од најдобрите бугарски фудбалери на сите времиња, на клупски план ги бранеше боите на Барселона со која пет пати ја освои шпанската „Ла Лига“, трипати шпанскиот Суперкуп, еднаш Купот на европските шампини во сезоната 1991/92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот