Легендарниот Жељко Бебек доаѓа во Скопје со концерт во Македонска филхармонија

Легендарниот Жељко Бебек на 28 и 29 март ќе одржи концерти во Скопје во Македонска филхармонија, во организација на „Авалон продукција“.

Легендарниот Жељко Бебек со неговиот бенд ќе овозможи во Македонската филхармонија конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови како „Сањао сам ночас да те немам“, „Све че то мила моја прекрити рузмарин снјегови и шаш“, „Селма“, „Има нека тајна веза“, „Доживјети стоту“, потоа „Опрости ми што те волим“, „Лаку ноч, свирачи“, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек: „Оно нешто наше“, „Ако волиш ову жену“, „Љубав ко из пјесме“ и други, со кои ги наполни сите концертни сали во регионот.

Жељко Бебек, неприкосновен вокал, ги отпеа најголемите песни на бендот „Бијело дугме“, а и потоа успеа да направи многу респектабилна соло-кариера.

Во Македонската филхармонија сето ова ќе биде споено во едно. Ова е првпат во кариерата Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје.

Влезниците се пуштени во продажба од денеска, во „Авалон мјузик енд тикет стор“, на продажните места во мрежата на „Авалон“ низ земјава и онлајн на Авалон.мк по следниве цени и категории:

Класични седишта – 1.500 денари.

ВИП – 1.990 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот