Легендарниот тенисер нема дилеми: Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

epa07266699 Former tennis great Pat Cash of Australia takes part in a media event in the Adelaide Parklands ahead of the World Tennis Challenge at Memorial Drive Park in Adelaide, Australia 07 January 2019. EPA-EFE/DAVID MARIUZ AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY

Новак Ѓоковиќ одлично ја одигра првата недела од Вимблдон, оствари три победи и се пласира во следното коло, по што повторно започнаа дискусиите за тоа кој е најдобриот тенисер во историјата.
Во дискусиите за признанието најдобар на сите времиња се споменуваат само три имиња, Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Во оваа дискусија се вклучи и легендарниот австралиски тенисер, Пет Кеш за кого нема дилеми кој е најдобриот на сите времиња.
– Доколку сакате да бидете најдобар на сите времиња, мора да имате подобар меѓусебен скор со вашите најголеми ривали. Скорот во меѓусебните дуелите е многу значаен во оваа дискусија – изјави Кеш кој во 1987 година триумфира на Вимблдон.

EPA-EFE/NEIL HALL

Ѓоковиќ има подобар меѓусебен скор и со Надал и со Федерер. Тој против Надал води со 30:28 додека Ѓоковиќ е уште поубедлив против Федерер и води со 27:23 во меѓусебните пресметки.  Надал пак е поуспешен во дуелите со Федерер и води со 24:16.
– Федерер мора да биде во кругот на најдобрите, тој е играч кој може да направи се. Тој го крена нивото на тенисот на едно повисоко ниво. Надал играше добро волеи, иако не е толку добар во последните години. Но, ритернот, сервисот и ударите од основната линија на Новак се неверојатни – вели Пет Кеш.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот