Легендарниот холандски голман Ван дер Сар итно хоспитализиран во Сплит

фото: EPA-EFE/Gerrit van Keulen

Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал холандски Едвин ван дер Сар (52) моментно е на преглед на главата во КБЦ Сплит, на одделот за интензивна нега.

Хрватските медиуми пренесуваат дека таму Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигна во болницата придружуван од сопругата Анемари.

Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата или откако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно доведе до здравствените проблеми.

Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот.

Да потсетиме, Ван Дер Сар во својата кариера како професионален голман беше еден од главните играчи на одличната генерација на Ајакс од 90-тите години, која во 1995 година ја освои Лигата на шампионите. Со Манчестер јунајтед подоцна освои четири титули во англискиот шампионат и Лигата на шампионите во 2008 година и се здоби со статус на легенда во двата клуба. Играше и за Јувентус и Фулам и со двата клуба го освои тогашниот Интертото куп.

Кон крајот на мај ја напушти директорската позиција во Ајакс. На таа позиција во својот матичен клуб помина 11 години, а си замина две години пред истекот на договорот. Во поголемиот дел од неговиот мандат Ајакс беше доминантен во Холандија, а во 2018 година стигна и до полуфиналето на ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот