Eшли Кол/Cesena FC

Легендарниот Ешли Кол во Италија за првпат ќе работи како главен тренер

Поранешниот англиски репрезентативец Ешли Кол е именуван за нов тренер на италијанскиот второлигаш Чезена.

Италијанскиот второлигаш и Кол постигнале договор за соработка до крајот на сезоната, а поранешниот лев бек ќе ја преземе екипата во момент кога таа се наоѓа на осмото место на табелата во Серија Б.

Токму таа позиција во моментов е последната која обезбедува настап во плејофот за пласман во елитното друштво на италијанскиот фудбал. Осум кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Чезена има 40 бодови, два повеќе од Судтирол, кој е деветтопласиран и еден помалку од седмопласираната Јуве Стабија, додека шестопласираната Модена со 47 бодови засега изгледа тешко достижна.

За Ешли Кол ова ќе биде прво самостојно тренерско искуство во кариерата. Досега работеше со младинските категории на Челси, а беше и помошник тренер во Евертон, Бирмингем сити и во Фудбалската репрезентација на Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот