Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Легендарниот Џон Вол објави крај на кариерата

Поранешниот прв пик на НБА драфтот и еден од најдобрите плејмејкери во поновата историја, Џон Вол, одлучи да стави крај на својата професионална кошаркарска кариера. Веста ја потврди самиот 34-годишен Американец преку објава на социјалните мрежи, каде кратко и јасно порача: „Пензиониран, но не сум готов“.

Вол во НБА пристигна во 2010 година како прв избор на драфтот по блескавата една сезона на Универзитетот Кентаки, под водство на реномираниот тренер Џон Калипари и заедно со ѕвезди во подем како Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон.

Најголемиот дел од кариерата ја мина во дресот на Вашингтон визардс (2010–2020), каде изгради репутација на еден од најдобрите организатори на играта во лигата. Подоцна настапуваше за Хјустон и ЛА Клиперс, но од 2023 година е без клуб.

Кариерата ја завршуваа со просек од 18,7 поени, 8,9 асистенции, 4,2 скока и 1,7 украдени топки на 647 НБА натпревари. Вол беше класичен плејмејкер, од „старата школа“, секогаш со визија да го пронајде соиграчот, но и со способност сам да преземе одговорност кога е најпотребно.

Во 2019 година потпиша супермаксимален договор со Вашингтон, но серија тешки повреди го оддалечија од терените и влијаеја на неговата психа, самиот призна дека се борел со депресијата и бил на чекор да се откаже уште тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот