Сцена од претставата „Сомнително лице“ во Битолскиот театар

Легендарната комедија „Сомнително лице“ во Битолскиот театар ќе биде изведена на Светскиот ден на театарот

Светскиот ден на театарот 27 март во Битолскиот театар ќе биде одбележен со изведба на легендарната комедија „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.

– Светот на „Сомнително лице“ на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерието, корупцијата и стравот, се нешто сосема нормално. Тоа е свет во кој гротеската станува реализам, а фарсата повторно станува историја. Самиот Нушиќ, во оригиналниот ракопис за „Сомнително лице“, во поднаслов има напишано „гоголијада во два чина“. Нашата претстава може да ја наречеме „современа нушиќијада“, или, искривено огледало во кое светот и луѓето во него се претставени токму онакви какви што се – истакнува режисерот Дамјановски.

Главната улога во претставата ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски, а заедно со него на сцената на Битолскиот театар ќе настапат и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.

Сценографијата и дизајнот на плакатот се на Филип Јовановски, костимите се на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а композитор на музиката е Марјан Неќак.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 325, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-22.3.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот