Легендарен романски фудбалер на својата ќерка и дава џепарлак од 1.000 евра месечно: Ако сака повеќе пари нека најде работа

Георге Попеску е поранешен романски репрезентативец/фото: EPA PHOTO EPA / JANEK SKARZYNSKI

Поранешниот романски репрезентативец Георге Попеску кој е во фудбалска пензија речиси 20 години, откри дека неговите две деца не добиваат преголем џепарлак.

Попеску кој во 1990-тите години беше и капитен на Барселона, е оженет со сестрата на легендарниот романски фудбалер Георге Хаџу, Луминица и имаат две деца, 21-годишната Марија и 19-годишниот Николас.

Марија неодамна ги заврши студиите во Барселона, а нејзиниот татко кој моментно е претседател на Фарул, на романските медиуми им откри дека секој месец на својата ќерка и дава по 1.000 евра.

– Ќерка ми дипломираше на еден од најдобрите економски универзитети на светот. Студираше во Барселона, а јас и го плаќав школувањето, сместувањето и секој месец и давав по 1.000 евра. Во Барселона е тешко да се живее со 1.000 евра, тоа значи дека дневно на располагање имаше по 30 евра. Ако сака повеќе пари нека работи. Парите не смеат да се расфрлаат, тешко е да се заработат и толку колку што добива – рече Попеску.

Синот Николас игра за јуниорскиот тим на Фарул каде татко му е претседател, и има стипендиски договор од 500 евра.

– Нико има плата од 500 евра која ја добива клубот. Толку добиваат играчите кои ќе наполнат 16 години и ќе потпишат договор, и Нико не е исклучок. Тој се храни во клубот, а јас му го плаќам сместувањето. Останатите трошоци си ги подмирува од неговата плата. Ако сака повеќе пари, нека заигра за подобар и поголем клуб и ќе заработува повеќе – порача Георге Попеску.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот