Легенда на Арсенал го нарече Халанд „кукавица“
Maнчестер Сити и Арсенал ремизираа (2:2) во дербито за викендот во Премиер лигата, а во овој натпревар кон крајот видовме и една необична ситуација во која во центарот на вниманието се најде Норвежанецот Ерлинг Халанд.
Препорачано
Сити стигна до водство со голот токму на Халанд по само девет минути игра, но Арсенал со погодоците на Калифиори и Габриел направи и пресврт и замина со предност на паузата. Остана Арсенал и со играч помалку по исклучувањето на Тросар.
Сепак, Сити до израмнување успеа да дојде дури во самата завршница кога погоди Џон Стоунс. Во таа ситуација Халанд истрча до топката и откако ја зема намерно го удри дефанзивецот на Арсенал, Габриел.
Халанд помина без санкции од судиите во натпреварот, а сега за таквиот потег доби критики од легендата на Арсенал, Јан Рајт.
„Халанд го удри Габриел додека тој беше свртен со грб. Тоа е потег на кукавица“, изјави Рајт.
Дресот на Арсенал, Рајт го носеше во период од 1991 до 1996 година.
WATCH HAALAND HERE. Bounces the ball off of Gabriel’s head after City equalizer. Haaland Haaland-ing ☠️ pic.twitter.com/iG4mOeSxkY
— Men in Blazers (@MenInBlazers) September 22, 2024


