Лазаров: Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците во групната фаза на Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

Македонија се најде во групата Ф заедно со селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија, а селекторот Кирил Лазаров смета дека иако групата е тешка, фокусот треба да биде на подготовките пред настапот на ракометниот мундијал.

– Многу интересна и тешка група за нас. Не можам да бидам објективен, затоа што нашата репрезентација за прв пат ќе настапи без ракометари од калибарот на Миркуловски, Стоилов, Лазаров.. Ме загрижува и неиграњето на Вардар во Лигата на шампионите, затоа што некои од нашите репрезентативци остануваат без потребните силни натпревари во текот на сезоната и пред почетокот на СП. Не ни останува ништо, освен да почнеме да го оформуваме ликот на новата репрезентција на Македонија. Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред. За Норвешка не треба да трошиме зборови, Холандија беше хит на последното Европско првенство. Аргентина со години знаела да прави големи проблеми и на посилни репрезентации од нашата. Ќе се фокусираме на себе и нашата селекција и ќе работиме на тоа што подобро да се подготвиме за настапот на СП – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот