Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / AP POOL

Лавров: Продажбата на НИС на унгарската МОЛ е во интерес на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го опиша како заемно корисен прелиминарниот договор за продажба на блок акции од српската нафтена компанија НИС, во сопственост на „Газпромнефт“, на унгарската компанија МОЛ, пренесе „Раша тудеј“.

„Отворени сме за соработка со сите,” рече Лавров на прес-конференција за резултатите од руската дипломатија.

Тој додаде дека Русија е подготвена да соработува со Соединетите Американски Држави по ова прашање.

„Газпромнефт“ потврди на 19 јануари дека потпишала договор со унгарската компанија. МОЛ, од своја страна, објави дека потпишала обврзувачки прелиминарен договор со „Газпромнефт за купување на 56,15% удел во НИС.

За финализирање на договорот, потребно е одобрување од Министерството за финансии на САД и српските власти. Страните планираат да го потпишат договорот за купување и продажба до 31 март.

Падна договор за НИС: Рускиот удел е продаден, унгарската компанија МОЛ станува мнозински сопственик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот