Ласовска: Новите заменици-министри ништо нема да сменат, потребни се избори

Фото: принтскрин

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска седница на која се дискутира за именување на нови заменици министри рече дека и Димитар Ковачевски е свесен дека нема ништо да променат за 10 месеци, бидејќи имале 6 години, а ништо не направиле.

„Џабе е се, за 10 месеци, ниту овој за одбрана, ниту за земјоделие, ниту за образование нема ништо да направат. Вие имавте 6 години, а ништо не направивте. И ова не го зборува само ВМРО-ДПМНЕ, ова го зборуваат анкетите и свесни сте и затоа сте нервозни“, рече Ласовска.

„Овие ништо нема да направат за оние 500.000 граѓани кои што живеат на работ на сиромаштијата. Знаете што е иронично? Тоа што вие дојдовте со девизата живот за сите, и вчера пекарите велат нема веќе леб да произведуваме, и иронијата е во тоа ќе нема леб, и од живот за сите, до леб за никој“, додаде таа.

Според Ласовска, владата на СДСМ и ДУИ нема да издржи до редовните избори, а дури и тоа да се случи тоа сето ќе биде на штета на граѓаните, бидејќи како што рече се што ветиле за се излажале.

Нема да издржите за редовни избори. Дури и да издржете на сила да ја лепите Пазар 3 коалицијата, тоа ќе биде само на штета на граѓаните. Докажавте дека не сте способни, се што ветивте за се излажавте, му порача Ласовска на Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот