Лани за пет отсто зголемен бројот на деловни субјекти

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80,7 отсто имаат деловните субјекти со еден до девет вработени.

Во текот на минатата година во земјава имало 75.914 активни деловни субјекти, што според објавените податоци на Државниот завод за статистика, тој број бележи раст во однос на претходната година од пет отсто.

Објавените податоци покажуваат дека бројот на активни субјекти најмногу пораснал во секторот уметност, забава и рекреација 24,9 отсто , односно за 349 субјекти, други услужни дејности 24,4 отсто, односно за 1170 субјекти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 20,4 отсто, односно за 38 субјекти. Во 2019 година, во однос на претходната, секторот дејности на здравствена и социјална заштита бележи намалување на бројот на активни деловни субјекти за 3,5 отсто.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2019 година најголемо учество имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 30,5 отсто и преработувачка индустрија со 11 отсто. Најмала застапеност имаат секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,3 отсто, снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 0,3 отсто, рударство и вадење камен 0,3 отсто и јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување 0,3 отсто.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80,7 отсто имаат деловните субјекти со еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10 отсто, потоа субјектите со 10 – 19 вработени со 4,2 отсто, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,9 отсто, со 1,8 отсто учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 отсто од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот