Лани во тетовско 1059 посети на матичниот лекар поради малигни заболувања

Тетовска болница. / Фото: МИА

 Во текот на 2020 година, Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје Тетово бележи 1059 посети на матичен лекар врз основа на неоплазма – малигно заболување на одреден орган. Станува збор за вкупна бројка од 1059 посети на матичен лекар на тетовскиот регион кај кои дел се однесуваат за лица со новодијагностицирана малигна болест, но и на веќе постоечки болни поради прегледи, контроли и рецепти.

-Во евиденција на матични лекари за малигни заболувања што доставиле до Центарот за јавно здравје, доминираат заболување на дојка, на второ место се тие на респираторни органи и на трето место на дигестивен тракт, информираат од Службата за социјална медицина и статистика.

Од таму потенцираат дека бројката е само приказ на посетите на матични лекари додека не се евидентирани малигни заболувања констатирани во Клиничка болница во Тетово и другите јавни и приватни клиники и болници.

Денеска 4 февруари здравствените организации го одбележуваат како Светскиот ден на ракот, со цел подгнување на свеста и спречување на милиони смртни случаи.

Ракот е болест која се јавува кога промените во групата нормални клетки во организмот доведуваат до неконтролиран, абнормален раст, формирајќи грутка наречена тумор. Туморите можат да се поделат во три групи: бенигни, малигни и преканцерози. Во светот 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод денешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот