„Лајка“ успеа да залови 9 кучиња низ Карпош што граѓаните многупати ги пријавувале
Деновиве, на локации во близина на „Систина“, кај „Реплек“ на улица Васил Чакаларов, во Карпош 4 и на последна 24-ка во Тафталиџе, ЈП „Лајка“ успеала да залови девет бездомни кучиња.
Препорачано
Оттаму велат дека присуството на улични кучиња на овие локации било многупати пријавувано од жителите, но подолг периодм како што тврдат, се соочувале со потешкотии во заловувањето.
Заловените кучиња се безбедно преземени и ќе бидат опфатени со соодветна ветеринарна постапка – здравствен преглед, стерилизација/кастрација и микрочипирање, по што ќе следи нивно враќање или вдомување, согласно законските процедури, велат од „Лајка“.
Како што најавуваат, ќе продолжат со интензивни теренски активности и апелираат до граѓаните и понатаму да пријавуваат проблематични локации, бидејќи само со заедничка соработка може долгорочно да се решава проблемот со бездомните кучиња.
Загрижувачки тренд во Скопје, сѐ повеќе миленици завршуваат на улица
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


