Фото: EPA/CIRO FUSCO

Лацио ги „згасна“ надежите на Наполи и Елмас за титулата во Серија А

Фудбалерите на Лацио денеска на гостински терен го совлада Наполи со 2:0 во 33 коло од најквалитетната италијанска лига.

По ваквиот резултат на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, трката за титулата во Серија А е скоро завршена.

Лидерот Интер останува 12 бода зад Наполи, а остануваат само пет кола до крајот на оваа сезона.

Во првото полувреме Лацио поведе со голот на Канселиери во шестата минута, а во 31 минута гостите не реализираа пенал преку Ѕакањи.

Стрелецот на првиот гол му асистираше на хрватскиот интернационалец Башиќ во 57 минута за поставување на конечниот епилог.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целото второ полувреме за домашниот тим.

Следниот петок, Наполи е домаќин на Кремонезе, а доколку тимот на Антонио Конте не ги освои трите бода, Интер може да го подигне трофејот со победа во Торино во недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот