Лабораторијата во Вухан во центарот на кавгите на САД и Кина: Што сигурно се знае за неа, што не?
Научниците досега во голема мерка ги негираа теориите дека новиот коронавирус е создаден од страна на човек.
Прашањето за потеклото на новиот коронавирус предизвика „војна на зборови“ меѓу Вашингтон и Пекинг и се заканува подолнително да ги влошат веќе затегнатите односи.
Препорачано
Последните денови американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео повеќе пати повторија дека вирусот потекнува од лабораторија во централниот кинески град Вухан, каде епидемијата првпат е откриена минатиот декември.
Тврдењето доведе до жестоко спротивставување на кинеската влада, која во средата обвинението го опиша како „дамка“ наменета за јакнење на шансите на Трамп за повторен избор.
Меѓутоа, податоците до кои дојде мрежата „Пет очи“ – алијанса меѓу САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Канада – се чини дека се во спротивност од тврдењето на администрацијата на Трамп.
Еве што се знае, а што не за тврдењата и лабораторијата во центарот на полемиката.
Како одговори Кина?
Во средата кинескиот министер за надворешни работи обвинувањата го нарече политичка стратегија со кои се сака да се стави дамка на Кина за републиканците во пресрет на претседателските избори 2020.
– Бараме САД да престанат да шират такви дезинформации. Треба да се носат со своите лични проблеми и да ја решаваат пандемијата дома – рече меѓу другото министерот.
Исто така додаде дека Помпео не изнел никаков доказ за да ја потврди својата изјава.
И државните медиуми во Кина исто така ги отфрлија тврдењата и го нарекоа Помпео „зол и луд“, додека државната агенција Синхиа го нарече „лажго“.
Кинеската влада се соочи со обвинувања дома и во странство поради нејзиниот одговор на коронавирусот, посебно во првите денови од избивањето на епидемијата.
Кинеските официјални лица и државните медуми исто така изнесоа тврдења, но без докази дека вирусот не потекнува од Кина.
Во март портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи на Твитер напиша дека вирусот потекнува од САД и дека во Кина го донела американската војска.
Што велат научниците?
Научниците досега во голема мерка ги негираа теориите дека новиот коронавирус е создаден од страна на човек.
Во интевју за Национална географија епидемиологот д-р Ентони Фаучи, рече дека моменталните докази покажуваат дека не е направен од човек.
Во труд објавен во списанието „Nature Medicine” на 17. март, водечки експерти за заразни болести во САД, Велика Британија и Австралија рекоа дека е „неверојатно“ новиот коронавирус да настанал во лабораторија, повикувајќи се на компаративна анализа на податоците од геномот.
Од каде тргнаа сомнежите?
Портфолиото за истражувањето на коронавирусот и близината на лабораторијата до отворениот пазар во Вухан ги засилија сомнежите и теориите на завера дека вирусот протекол од лабораторијата неколку месеци пред администрацијата на Трамп да почне да ги изнесува тврдењата и да го поврзува вирусот со лабораторијата.
Според едната верзија, истражувач го каснал лилјак којшто го проучувал и така го заразил, а според другата верзија студент на институтот е “нулти пациент“. Според третата верзија лабораторијата тајно работела за кинеската војска и правела биооружје, а вирусот притоа случајно излегол.
Ниту еден кредибилен доказ не е понуден за овие теории, кои потекнуваат главно од налогот на социјалните мрежи.
И Институтот повеќе пати повтори дека вирусот не протекол од нивната лабораторија, но сомнежот и натаму постои.
ПРОЧИТАЈТЕ: Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот? Германски „Билд“ објави таен извештај: Кина лажеше за коронавирусот Исповед на докторката од Вухан која прва го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


