Кузма со тројка во последните секунди за радост на Лејкерси! (ВИДЕО)

фото: твитер

Кајл Кузма во самиот финиш се погрижи за триумф над Денвер синоќа во НБА кошаркарската лига за конечни 124:121.

Најдобрите во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа низата од три порази и ја забележаа само втората победа во Орландо.

Од самиот почеток на натпреварот се водеше голема борба, екипата често се менуваа во водство. Во текот на последната четвртина предноста воглавно беше на страната на Нагетси (119:114).

Но, во последните минути Лејкерси ја презедоа иницијативата, па после поените на Леброн поведоа со 120:119. На четири секунди до крајот Дозир израмни на 121:121, за надеж на Денвер дека може да се избори за продолжение.

Но, тоа не го дозволи Кузма кој реализираше тројка во завршните секунди за победа на неговиот клуб. Истиот играчи го заврши дуелот со 25 поени (11/16 од поле). Поефикасни од него беа Леброн Џејмс со 29 поени (12 асистенции) и Ентони Дејвис со 27 поени.

НБА лига, резултати –

Феникс Санс-Оклахома Сити Тандер 128:101
Јута Џез-Далас Маверикс 114:122
Милвоки Бакс-Торонто Репторс 106:114
Мајами Хит-Индијана Пејерс 114:92
Лос Анџелес Лејкерс-Денвер Нагетс 124:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот