Курто Дудуш добитник на наградата „Најпријателски ромски градоначалник” за 2019 година

Фото: МИА

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш е добитник на наградата „Најпријателски ромски градоначалник” за 2019 година, која се доделува во рамки на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција”.

Организатор на изборот во нашата земја е коалицијата „Khetane” која заедно со претставници од меѓународни институции и владини претставници во независната комисија го прогасиле градоначалникот Курто Дудуш за победник со освоени 38 поени, наспроти градоначаниците на општините Берово со 31, Куманово 27 и Крива Паланка со 17.

Наградата, како што информираат од општина Шуто Оризари, била официјално доделена вчера на церемонија во Еврoпскиот парламент во Брисел, од претставници на Европската комисија и Европскиот парламент.

Проектот е поддржан од Европската унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG и е имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот