Курти ненајавено влегол во кафуле во Митровица и настанал хаос
Посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Јужна Митровица денеска помина со тензии, откако беше променета првичната локација каде требаше да направи кратка пауза.
Препорачано
Според извештаите, Курти планирал да се одмори во едно кафуле во населбата Тавник, каде што имало поддржувачи и на Демократската партија на Косово (ПДК) и на Движењето Самоопределување (ЛВВ). Но, пред неговото пристигнување, телохранителите влегле во објектот и ситуацијата станала напната.
Сопственикот на барот, Аризон Хазири, изјавил дека решил да го затвори локалот и да ги замоли гостите да си заминат, со цел да се избегнат можни инциденти.
„Поради постојаните проблеми од двете страни, решивме да го затвориме барот, бидејќи безбедноста на граѓаните и мојата лична безбедност беа загрозени. Ќе ги оставиме провокациите настрана, бидејќи безбедноста е приоритет. Верувам дека секој, дури и за момент, треба да биде во моја кожа, само тогаш би разбрал низ што минувам“, напиша Хазири на социјалните мрежи.
Откако ја напуштил првичната локација, Курти се упатил во друг бар, каде бил пречекан од кандидатот за градоначалник на Митровица од редовите на ЛВВ, Фатон Пеци, и од пратеникот на Самоопределување, Арменд Муја.
Новинарите го прашале премиерот за причината за неговата ненадејна посета на Јужна Митровица, но тој не дал изјава.
Според медиумите, Курти престојувал во градот околу половина час, а за време на неговата посета на терен имало засилено полициско присуство.


