Курти има 38 советници, пред да дојде на власт рече дека не му требаат повеќе од пет

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Иако актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, ја критикуваше владата на Рамуш Харадинај, која имаше 35 советници, велејќи дека тоа е непотребна бројка, сега во неговиот кабинет има 38 советници, пишува Коха.
Пред да стане премиер, Курти процени дека ќе му бидат доволни пет советници.

„Не ми требаат 35 советници, доволни се пет“, рече Курти во септември 2019 година.

Од 38 советници, колку што сега има кабинетот на Курти, 18 се политички, а 10 се владини и 10 функционери од надворешната политика, кои не се платени од буџетот.

Назначувањето на кабинетот на премиерот е определено со уредбата за областите на административна одговорност на кабинетот на премиерот и министерствата, според која премиерот може да именува најмногу 15 политички советници.

Регулативата ја нагласува и можноста премиерот да може да именува по девет советници од секоја од малцинските заедници.

Платите на членовите на кабинетот на Курти се движат од 493 евра до 1.302 евра, не сметајќи ги другите поволности што ги уживаат, како дневници, трошоци за репрезентација и друго.

Првиот вицепремиер Бесник Бислими има 18 советници во неговиот кабинет, додека министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала има уште тројца советници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот