Куршумот се одбил од паркетот и завршил во прозорецот — насилникот кој пред ќерките пукаше во сопругата, ќе одговара за обид за убиство
Скопското обвинителство соопшти дека насилникот, кој пукаше во сопругата, откако им се заканувал нејзе и на нивните ќерки, ќе одговара за Убиство во обид, како и за Загрозување на сигурноста.
Препорачано
55-годишниот насилник прво ѝ се заканувал со пиштол на сопругата, во присуство на двете ќерки, со намера да ја вознемири и исплаши, по што на горниот кат од куќата, во присуство на уште едно лице, го репетирал пиштолот и испукал еден куршум кон жената, но за среќа ја промашил, велат од Обвинителството.
Инцидентот се случил на 1 март во Скопје, само еден ден пред трагичниот случај во населбата Тафталиџе, каде Ивана Јовановска скокна од балкон на зграда заедно со шестгодишното дете, откако со години трпела терор во домот од насилниот сопруг и татко на девојчето, Александар Јовановски.
„На 1 март во семејниот дом, во присуство на уште едно лице, при вршење семејно насилство, осомничениот се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол што го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот. Потоа се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во нивната мајка, по што тие заедно со оштетената го напуштиле домот“, се наведува во соопштението.
Обвинителството бара притвор за насилникот, поради, како што наведува: опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и постапката, како и опасност да го доврши кривичното дело.
Скопјанец пукал со пиштол кон неговата сопруга, им се заканувал на ќерките и тепал една од нив


