КУРДИТЕ НЕ ОСТАНАА РАМНОДУШНИ НА ОФАНЗИВАТА НА ЕРДОГАН: 130 сириски ракети ја погодија турската провинција Мардин

Фото: Профимедиа

Околу 130 ракети, истрелани од Сирија го погодиле турскиот пограничен реон Нусајбин, во југоисточната провинција Мардин, јави агенцијата Анадолија.

Ракетите паднале врз станбени реони.

Пет лица денеска биле отпуштени од болница во јигоисточна Турција откако биле лесно ранети при прекуграничните напади од страна на сириските Курди и ПКК во Сирија.

Обласната управа на Нусајбин вчера соопшти дека на два дена ги затворила училиштата во областа.

Во меѓувреме и натаму е во тек турската операција „Извор на мирот”, што почна вчера на исток од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, дополни агенцијата.

Турција соошти дека ПКК и нејзиниот сириски пандан претставуваат најголемата закана за иднината на Сирија, заканувајќи и се на територијалната целост на земјата. Анкара, исто така, подвлече дека за нив е неприфатлива поддршката на терористите под превезот дека се борат против ИД.

Турција има 911-километри долга заедничка граница со Сирија и таа одамна ја посочи заканата од терористите источно од реката Еуфрат и „терористичкиот коридор” што таму се формира, наведува Анадолија

Турција планира да рассели два милиона Сиријци на 30-километарската безбедносна зона во Сирија, што се протега од реката Еуфрат до ирачката граница, вклучувајќи го и Манбиџ. Присуството на терористичките групи, како ПКК, меѓутоа, го доведуваат во опасност нејзиното формирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот