Купила кукла Барби од 1960-тите за 9 евра, па се шокирала од нејзината вистинска вредност
Купувањето во продавници со половни предмети понекогаш е чиста среќа – а меѓу стара, износена облека и ситници што никому не му се потребни, понекогаш се кријат вистински богатства.
Препорачано
Токму таква ситуација се случила во продавница за половни предмети, за време на вообичаеното саботно пазарување, кое подоцна стана вирално на мрежите, пишува „Дејли рекорд“.
Една жена откри на Редит дека во продавницата наишла на кукла Барби од 1962 година, во оригиналното пакување.
„Некако, среде толпата, видов ретро Барби на полицата што се продаваше за девет евра“, објаснила таа.
Таа не губела време, веднаш ја купила куклата, но веруваше дека е репродукција. Подоцна ја дознала неверојатната вистина- купила вистинско богатство, Мател Платинум Барби со руса коса, од 1962 година.
Some how on a busy Saturday, a boxed 1962 Barbie was just sitting on a shelf for $11. Still has original $2 tag.
byu/mewisme700 inThriftStoreHauls
Според податоците од специјализираната веб-страница „Тојс тајм форгот“, истата кукла моментално се продава за речиси 500 евра. Последната аукција на И-беј заврши со импресивни 610 евра – и тоа за копија во полоша состојба.
„Оваа има малку зелена боја на ушите, но е во одлична состојба. Мислам дека ѝ недостасуваат обетки, но сè друго изгледа неверојатно“, напишала сопственичката, не криејќи го своето изненадување.
Нејзината приказна предизвика бројни реакции кај корисниците на Редит.
„Невозможно е да се најде! Многу сум љубоморна“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Мислам дека е Барби број шест или седум, во црвениот костим за капење. Одличен улов.“
Многумина изразија неверица дека нешто толку вредно завршило во продавница за половна облека.
„Не знам ништо за историјата на Барби, но дури и јас би заклучил дека има нешто посебно“, напиша еден корисник.


