Куп, жени: Баскет кам обезбеди пласман во финалето
Во првиот полуфинален натпревар на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција кој почна денеска во Македонска каменица, екипата на Баскет кам ја оправда фаворитската улога и излезе како победник против одлично мотивираниот и ангажиран состав на МЗТ Бела вода со резултат 74:63.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
И по шести пат по ред, во последните шест години, Баскет кам ќе игра во натпреварот за трофејот во ова натпреварување.
Во екипата на Баскет кам, Кметовска имаше дабл-дабл учинок од 23 поени и 21 скок, а запиша и седум асистенции. Димова дојде до 14.поени (имаше и пет скока), Поп Димитровска постигна исто така 14 поени (забележа и 19 асистенции и четири скока), а Максимовска реализираше 12 поени (шест скока и пет асистенции).
Во редовите на МЗТ Бела Вода, Алексова дојде до 21 поен, пет скока и три асистенции, Херд додаде 14 поени (осум скока и четири асистенции), додека Милосављевиќ имаше 13 поени (и шест скока).
Од 17.30 часот е вториот полуфинален меч во кој играат екипите на Крива Паланка и на Бадел 1862.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
28мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


