Куп на Германија: Кил елиминиран од Вецлар на Кузмановски и Миркуловски

фото: instagram.com/jenniver_fotografie_sports

Во рамките од 1/16 финалето во ракометниот Куп на Германија денеска составот Вецлар направи големо изненадување елиминирајќи го големиот фаворит Кил со 32:31.

За Кил ова е веќе втор пораз во низа за еден од најдобрите ракометни клубови во Германија и светот, пред само два дена загуби и во Бундес лигата од Магдебург со 34:31.

Во редовите на Вецлар настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој не се запиша во листата на стрелците, а во стручниот штаб на тимот е Филип Миркуловски.

Најефикасен во победничките редови беше Домен Новак со 10 голови, а на спротивната страна седум запиша Ерик Јоханесон.

До сега пласман во осминафиналето од натпреварувањето обезбедија и екипите на Гумерсбах, Фуксе Берлин, Есен, Хамбург и Либек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот