Кумановци на Богојавление организираат и пивтијада

ФОТО: МИА

По 21 пат во Куманово се одржа манифестацијата „Пивтијада 2023“, првпат во организација на здружението на граѓани „Еко Гард“. Над десетина домаќинки учествуваа на манифестацијата со подготвен зимски специјалитет – пивтија.

– Ја продолжуваме манифестацијата како здружение. И годинава манифестацијата има и ревијален и натпреварувачки карактер, учествуваат 11 домаќинки, има културно-забавен дел. Доаѓаат гости однадвор од држава и од соседните Србија и Бугарија. Планираме и во иднина да ја прошириме соработката со здруженија од овие две држави, изјави Зоран Бојковски, претседател на „Еко Гард“.

Учесничките велат дека за добро подготвена пивтија е потребно соодветна количина на месо, сол и лук, нагласувајќи дека пивтиите треба да се варат на тивок огин, да бидат проѕирни. Како прилог се подготвуваат различни додатоци со пипер, праз, како и туршии.

На годинашнава манифестација за кум беше избран Даниел Стојчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот