Куман под силен притисок: Прочита кратко соопштение и го напушти пресот

Роналд Куман засега ја има поддршката од претседателот на Барселона Лапорта/Барселона, Шпанија/8 август 2021/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона се наоѓа во можеби најтешкиот период во последните неколку децении. Лошата финансиска состојба предизвика значителен пад во квалитетот на играчкиот кадар, што се рефлектира на резултатите.

Тренерот на клубот, Роналд Куман е под голем притисок во последните денови, особено после неколку бледи изданија на Барселона.

Ваквата ситуација на „Камп Ноу“ најдобро ја покажуваат и случувањата на денешната прес-конференција пред натпреварот од „Ла Лига“ против Кадиз.

Имено, холандскиот експерт дојде на прес-конференцијата, прочита кратко соопштение, веднаш потоа стана и си замина без да им даде можност на новинарите да му постават прашања.

– Клубот е со мене во фаза на реконструкција. Економската ситуација е поврзана со спортскиот сегмент. Треба да направиме тим без големи инвестиции и е потребно време. Талентираните играчи можат да бидат светски ѕвезди за неколку години – рече Куман.

Куман е во добитна позиција, Барселона ќе му исплати милиони евра доколку го отпушти или не му го продолжи договорот

Вели дека тие талентирани играчи можеби се новиот „Чави“ или „Иниеста“, но дека не е реално да се очекуваат чуда во Лигата на шампионите и дека поразот од Баерн треба да се гледа од таква перспектива.

– Знам дека медиумите го разбираат овој процес, ова не е првпат во историјата на Барселона да се случува. Ние сметаме на вашата поддршка во тешки времиња. Ние како тим и играчи, сме задоволни од поддршката од навивачите како што беше против Гранада. Да живее Барселона – се зборовите на Куман.

Инаку, капитените на клубот претходно беа информирани за потегот што Куман има намера да го направи на прес-конференцијата, додека управата на клубот беше изненадена од денешниот потег.

Барселона разочара против Гранада во понеделникот играјќи 1:1, и спаси бод во последните минути. Шанса за поправање на впечатокот играчите ќе имаат во четврток против Кадиз.

Пирло е најголемиот фаворит за Лапорта да го наследи Куман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот