Куман е во добитна позиција, Барселона ќе му исплати милиони евра доколку го отпушти или не му го продолжи договорот

Роналд Куман се наоѓа во добитна комбинација/Барселона, Шпанија/20 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Роналд Куман има договор со Барселона до крајот на оваа сезона и засега нема никакви информации или најави за евентуално продолжување на договорот, но во секој случај Холанѓанецот се наоѓа во добитна комбинација.

Шпанските медиуми пишуваат дека Куман добро ќе го наплати престојот во Барселона и доколку не му биде продолжен договор или добие отказ.

Според клаузулата во договорот, Роналд Куман ќе добие шест милиони евра доколку Барселона не му го продолжи договорот по сезоната 2021/22.

Доказ дека Куман сигурно ќе ја заврши сезоната на клупата на Барселона која има големи финансиски проблеми, ќе добие дури 14 милиони евра доколку добие отказ.

Оваа клаузула во договорот е вметната од страна на поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот