Пирло е најголемиот фаворит за Лапорта да го наследи Куман

Андреа Пирло претходно го водеше Јувентус со кој освои два трофеи/Фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака да го види Андреа Пирло како тренер на Барселона. Ова го изјави каталонскиот новинар од „РАЦ1“, Жерард Ромеро.

Други имиња поврзани со тренерското место во Барселона се легендата на клубот Чави Ернандез, менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса, поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте, тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, поранешниот играч од средниот ред на Барса, Филип Коку и екс селекторот на Германија, Јоаким Лев. Но, се чини дека Пирло е најдобрата опција за првиот човек на каталонската екипа.

Пирло изненадувачки го презеде Јувентус без тренерско искуство во летото 2020 година.

Под негово водство минатата сезона, серијата од девет последователни италијански титули на Старата дама беше прекината, а во последен момент обезбеди место во Лигата на шампионите, откако во последниот ден од шампионатот Наполи направи грешка дома против Верона.  Пирло со Јуве освои два трофеи во Купот и Суперкупот на Италија.

Притисокот врз досегашниот главен тренер на Барселона, Роналд Куман, се зголемува откако Каталонците едвај го избегнаа поразот на домашен терен (1:1) против Гранада во мечот од шпанското првенство во понеделникот вечерта. Минатата недела Барселона претрпе висок пораз од 0:3 на „Камп Ноу“ од Баерн во ЛШ.

Куман е во добитна позиција, Барселона ќе му исплати милиони евра доколку го отпушти или не му го продолжи договорот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот