Синдикатот на културата излезе на протест против непочитувањето на колективните договори и институционалното игнорирање на културните работници. Фото: Слободен печат / Агнеса Чаволи

Културните работници се манипулирани од мала група гласни луѓе во првите редови, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше протестите на културните работници незадоволни од одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за укинување на Колективниот договор за култура. Тој нагласи дека договорот не добил позитивно мислење од Министерството за финансии и дека за да биде тој колективен договор применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии.

„На владина седница на 31 декември годината кога е поминат тој колективен договор е поминат без позитивна согласност од Министерството за финансии. Треба тоа да го знае јавноста и културните работници дека се манипулирани од мала група гласни луѓе што се таму во првите редови. Секоја година откако е оваа влада, буџетот за култура се зголемува. Но не се зголемува за програми толку многу и за капитални инвестиции, туку за нивните плати“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека и минатата Влада, кога била министерка за финансии Нина Ангелевска дала негативно мислење.

„Дури и министерката во претходната влада, мислам Нина Ангелевска, дала негативно мислење – дека средства во буџетот не се обезбедени“, изјави премиерот, додавајаќи дека и на него некогаш не му се допаѓале одлуките на Уставниот суд, но, вели дека тој е конечна инстанца и дека неговите одлуки не се коментираат, туку се применуваат.

ВИДЕО | Kултурните работници повторно протестираа поради непочитувањето на колективниот договор – Слободен печат

Синдикатот на културата вчера одржа протест пред Министерството за култура изразувајќи незадоволство од одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и поради прекршувањето на договореното во начинот на пресметка на платите.

Синдикатот на културата поднесе кривична против Љутков: „Министерот не е над законот“ – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот