Кучињата прошетани, полицискиот час може да почне (ФОТО)

Фото: Драган Митрески

Вонредната состојба имплицираше вонредни мерки. Така, за викенд, владата го забрани движењето во периодот од 16 часот попладне до 5 часот наредниот ден.

Иницијативите на сопствениците за миленици, да им се дозволи исклучок од правилото за да може да ги прошетаат своите домашни миленичиња не ги поколебаа властите кои останаа децидни на ставот дека правилата се исти за сите.

Така, непосредно пред полицискиот час да почне и сопствениците на миленичиња можеа да се забележат низ главниот град и во парковите, како ја користат последната можност да ги прошетаат своите миленици.

Фото: Драган Митрески

[foogallery id=”221267″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот