Кучиња скитници каснале двајца скопјани

Во текот на вчерашниот ден двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитиници во главниот град.

Вчераутро во Полициската станица Кисела Вода, М.М. (44) од Скопје пријавил дека на улицата “Наум Охридски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Синоќа пак во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Т. (41) од Скопје пријавил дека во с. Волково бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот