Фото: Илустрација

Куче усмрти 19-годишна девојка во Бристол, сопственичката призна вина

Жена чиј пес од расата икс-ел були усмрти тинејџерка призна на суд дека е одговорна за смртоносниот напад. Келси Рид (24) пред Крунскиот суд во Бристол се изјасни за виновна по точката од обвинението што ја товари за одговорност за опасен пес кој бил надвор од контрола и предизвикал смрт, пишува „Скај њуз“.

Нејзиниот пес Принс ја нападнал и ѝ нанел смртоносни повреди на 19-годишната Морган Дорсет во стан во бристолската населба Витивуд на 26 февруари минатата година. Девојката, која била од Шрусбери, починала од тешки каснувања во вратот. Песот по нападот бил успиен.

Рид, која живее во Лоренс Вестон во Бристол, на суд се обратила само за да потврди дека признава вина. Таа е пуштена со кауција до изрекувањето на пресудата, а рочиштето е закажано за 9 јули.

Нејзината адвокатка Сара Реган појасни дека признавањето вина е дадено „со ограда“, што значи дека Рид, иако го признава кривичното дело, оспорува некои факти од случајот што ги наведува обвинителството.

Судијата ја предупреди Рид дека ѝ се заканува затворска казна.

„Мора да сфати, како што сигурно сте ѝ објасниле, дека постои голема веројатност да биде изречена безусловна затворска казна“, ѝ рече судијата на адвокатката, на што таа одговори потврдно.

Забрана на расата икс-ел були

Во Англија и Велс од февруари 2024 година поседувањето кучиња од расата икс-ел були стана кривично дело, освен ако сопствениците немаат посебна потврда за изземање.

Сите сопственици морале да ги стерилизираат и микрочипираат своите кучиња, а на јавни места мора да ги водат на поводник и со заштитна маска на устата. Одлуката на британската влада за забрана следуваше по низа напади на овие кучиња врз луѓе и други животни.

За убиството на кучето Феликс, Љубе Крстевски доби 3 месеци затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот