Куче спаси цела населба во Филаделфија откако открило истекување на гас

Куче во Филаделфија / Фото Инстаграм

Хаскито Коби од Филаделфија стана херој на социјалните мрежи откако неговата сопственичка, Шанел Бел објави видео на Инстаграм на кое раскажува како забележала дека нејзиното четиригодишно куче постојано копало во дупка што се наоѓала во бетонот на нејзиниот двор.

Бел најпрво си помислила: „Никогаш не се однесувал вака“. Но, таа одлучила дополнително да истражи бидејќи претходните недели имало истекување на гас во нејзиниот дом и имала проблеми со греалката.

Бел вели дека проверила внатре во нејзиниот дом и не открила ништо необично. Меѓутоа, кога повторно го забележала кучето како копа во дупката пред куќата на 21 декември, Бел повторно проверила, и открила присуство на гас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chanell Bell (@thenames_babe)

Екипите поминале три дена за да го поправат истекувањето што го забележал Коби, како што раскажа Бел. Работниците забележале дека нешто толку едноставно како вклучување на прекинувачот за светло може да предизвика пожар и да ја разнесе целата куќа на Бел, што ја прави кристално јасна важноста на Коби.

„Тоа беше навистина, навистина воодушевувачки“, рече Бел, која обезбеди снимка од нејзиниот домашен надзор на која се гледа Коби во близина на дупката за која станува збор, како и екипите за поправка. „Многу сум благодарна на Бога и на Коби“.

На прашањето дали реагирала на извештаите за истекување на гас во домот на Бел, комуналната компанија за гас во Филаделфија рече дека работниците „можеле да ја лоцираат и успешно да ја направат локацијата безбедна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот