КРВАВ КРАЈ: Убиена најпознатата шефица на нарко-картел во Мексико, Ла Катрина (ВИДЕО)

21-годишната злогласна шефица на еден најмоќните мексикански нарко-картели е убиена во престрелка во Мексико.

Марија Гвадалупе Лопез Ескивел, позната како Ла Катрина, била смртоносна шефица на најмоќниот мексикански нарко-картел, а муза и била јунакот од романот на Артур Пеерез, „Кралица на југот“.

21-годишната злогласна шефица на еден најмоќните мексикански нарко-картели е убиена во престрелка во Мексико.

Ла Катрин заедно со уште седуммина членови на нејзиниот нарко-картел ги нападнала мексиканските безбедносни служби во Мичоакан, а починала во болница откако била ранета во престрелките.

Мексиканските власти соопштија дека покрај тоа што била убиена шефицата на нарко-картелот, исто така биле уапсени и уште шест членови на нејзината банда. Запленета била и огромна количина на муниција и оружје.

Мексиканските медиуми објавија и видео на кое можат да се видат последните моменти од пресметката на „Ла Катрина“ со мексиканските безбедносни сили. Таа потоа била превезена со хеликоптер во болница, но им подлегнала на тешките повреди, од кои еден куршум ја погодил во вратот.

Инаку, полицајците не можеле да ја извлечат шефицата на нарко-картелот на друг начин освен по воздушен пат, затоа што членовите на нејзиниот нарко-картел ги блокирале сите приоди до градот кој бил целосно опколен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот