Кружи нов морничав предизвик! Деца се полеваат со врела вода

Facebook

На Фејсбук се појавија морничави фотографии од момче кое настрадало по предизвикот полевање со зовриена вода.

Новиот страшен предизвик се појавил во Америка, а тинејџерите се снимаат како се полеваат и пијат зовриена вода.

Анџела Гут од Кентаки е уапсена откако не повикала брза помош за 11-годишното момче кое нејзиниот син го полил со врела вода.

Последниот инцидент се случил во Кентаки каде што 11-годишниот Били Оливер бил хоспитализиран со изгореници од втор и од трет степен откако пријател го полил со врела вода додека спиел.

Неговата мајка Патрисија Оливер на фејсбук-профилот објавила фотографии од изгорениот врат и грбот на нејзиниот син за да ги предупреди родителите за опасниот тренд.

11-годишно девојче во Њујорк добило изгореници на лицето и на градите откако пријателите поради предизвик ја полиле со врела вода. На Флорида овој предизвик убил 8-годишно девојче кое се обидело преку цевка да пие вода која вриела.

„Ова е предизвик! Ве молам разговарајте со своите деца. Јас живеам во ноќна мора. Мојот син преноќи кај пријател, како и многупати претходно. Си легнал и се разбудил кога неговиот пријател му истурил врела вода, смеејќи се. Додека моето дете спиело, тој греел вода за да го полие“, напишала очајната Патриција.

Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот