„Кро Коп“ може да се пофали и со кратка фудбалска кариера (ВИДЕО)

фото: твитер

Хрватската спортска легенда го исполни детскиот сон како играч на екипата на Цибалија во рамките од втората лига против Вуковар 91.

Еден од најдобрите ММА борци, Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ пред 16 години беше дел и од фудбалот.

Хрватската спортска легенда го исполни детскиот сон како играч на екипата на Цибалија во рамките од втората лига против Вуковар 91.

На теренот влезе во 82 минута, учествуваше во победата од 4:0 во квалификацискиот меч за учество во првата хрватска лига.

Цибалија се пофали на својот Фејсбук со ретка снима од фудбалските вештини кои ги имаше „Кро Коп“ за овој фудбалски клуб.

Веднаш го привлече вниманието, аплаузи од сите страни за човекот кој што за УФЦ потпишса во 2007 година и во кариерата забележа 38 победи (28 со нокаут).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот