Кризниот штаб во понеделник ќе одлучи за мерките за невакцинираните

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Главниот координативен кризен штаб в понеделник ќе одржи седница на која ќе одлучи дали ќе ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – невакцинираните во јавниот сектор да мора или да се вакцинираат или еднаш неделно да се тестираат за да одат на работа. Како што дознава „Слободен печат“ од свои извори во штабот, на дневен ред ќе бидат и другите предложени рестрикции со кои се прави обид да се зголеми вакциналниот опфат, меѓу кои и задолжителна вакцинација за здравствените работници.

Мерките кои вчера ги предложи Комисијата за заразни болести ќе почнат да се спроведуваат 10 дена откако ќе бидат изгласани на владина седница. За контрола на вакциналниот и ковид статусот на административците задолжен ќе биде редар поставен од секоја институција.

Слични рестрикции за вработените во јавниот сектор има Хрватска од каде што се копирани и македонските предлози.

Откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе се воведува задолжително тестирање на сметка на вработените административци со ПЦР тест на секои 72 часа, бројни работнички синдикати се јавија со поделени реакции и ставови. Сојузот на стопански комори пак, ја прифати иницијативата и сугерираше истите проверки да се прават и во приватниот сектор за да се обезбеди сигурен производствен процес.

Нема спас додека невакцинираните не се удрат по џебот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот