Кризата за некој мајка, за некој маќеа – платите на австриските политичари во пораст поради инфлацијата

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шоленбер / Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Во Австрија поради високата стапка на инфлација се зголемуваат платите на политичарите, додека вработените во различни стопански гранки сè уште преговараат за нов колективен договор, односно зголемување на платите, јавуваат светските медиуми.

Ревизорската институција го проследи до Владата планот за „коригирање на платите“, односно процентот за кој од 1 јануари следната година ќе се зголемат платите на државните функционери. Како основа е земена инфлацијата која беше од јули 2021 година до јуни годинава, која изнесува 5,3 отсто. Со тоа значително ќе се зголемат приходите на пример на претседателот на Австрија за 1.344 евра месечно, на 26.701 евро бруто месечни примања.

Платата на канцеларор ќе биде зголемена за 1.200 евра, односно на 23.840 евра. Платите на пратениците во исто време ќе бидат повисоки за 497 евра и тие ќе изнесуваат во просек по  9.800 евра. Зголемувањето на платите стапува во сила автоматски, освен ако парламентот не донесе одлука платите на политичарите да не се прилагодуваат на стапката на инфлација. Додека владејачките партии Народна партија (ОВП), Социјалдемократската партија (СПО) и Партијата на слободата (ФПО) бараат одлука да не се применува односно да нема автоматско прилагодување на платите поради инфлацијата во земјата.

Лидерот на ФПО, Херберт Кикл, дури побара да се намалат платите на членовите на владата, но и на  опозиција, поради лошото менаџирање на политиката, од затворањето поради пандемијата па се до санкциите кон Русија.

Видео на денот