„Кризата не боли и нас” – ССМ го одбележува Меѓународниот ден на млади

Секој 4-ти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35 проценти, велат од ССМ.

Под мотото „Кризата не боли и нас” секцијата на млади на Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ (СМССМ) заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12 август, Активни млади за глобална акција.

-Во нашата земја, според официјалните податоци, од почетокот на кризата, речиси 12.000 луѓе останаа без работа и без егзистенција, а речиси 3.300 од нив се млади луѓе под 29 години (не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија). Секој 4-ти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35 проценти, велат од ССМ.

Тие повикуваат да се слушне и нивниот глас и бараат од сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за нивните рабтонички права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики.

-Ние, како млади луѓе сакаме слобода и право на синдикално организирање, затоа што сме свесни дека колективната борба е борба за подобро утре за сите, порачуваат младите од ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот