Кривокапиќ од Лондон: Нема да дозволиме мешање на трети страни во нашите политики

Борис Џонсон и Здравко Кривокапиќ / Фото: Andrew Parsons / Avalon / Profimedia

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ по вчерашната историска посета на Велика Британија, каде се сретна со британскиот колега Борис Џонсон, изјави дека црногорската влада се бори против мешањето на трети страни во нивната политика, како и против заробувањето на државата.

Од друга страна, Џонсон изјави дека Обединетото Кралство ги поддржува реформските процеси во Црна Гора, како и напорите кои црногорската влада ги вложува во борбата против организираниот криминал и корупцијата, пренесува РТЦГ.

Кривокапиќ синоќа ја заокружи дводневната посета на Британија со средбата со Џонсон, што претставува прва средба помеѓу лидери на Црна Гора и Велика Британија во историјата на двете земји.

„Оваа влада е големо разочарување за третата страна, бидејќи тие мислеа дека по изборите ќе се промени надворешната политика. Но, ова исто е голема надеж за нашите прозападно ориентирани граѓани, кои конечно после 30 години владеење на една партија имаат надеж дека оваа влада може да се избори за претходните недостатоци“ изјави Кривокапиќ.

„Ова е историски момент за нашата држава, бидејќи прв пат премиер на Обединетото Кралство има прилика да прими премиер на Црна Гора“ изјави Џонсон по состанокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот