Кривична за шумар од Кичево

Полицијата од Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А.(46) од кичевското село Вранештица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата”.

– Тој, во периодот јули-август 2019 година, во својство на овластен шумар вработен во ШС „Лопушник”, не извршил преглед во еден шумски пододдел со цел чување од бесправна сеча, со што, на повеќе лица им овозможил нелегален отсек на 183,35 метри просторни дабови дрва а на правното лице ЈП „Македонски шуми” му нанел материјална штета од 2.430.225,оо денари – објасни портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот